Припадниците на српската полиција во Белград го исклучија од сообраќај Н.К.(46), кој управувајќи возило „ауди“ направил сообраќајна незгода со материјална штета на булеварот „Крал Александар“.
Откако предизвикал сообраќајна незгода во која било оштетено возилото „цитроен“, денеска околу 17 часот и 15 минути возачот се обидел да го напушти местото, но бил спречен од патрола на сообраќајната полиција.
Алкотестот покажал дека бил целосно алкохолизиран, го управувал возилото со 4,13 промили алкохол во крвта.
Сторителот на прекршокот е задржан во службените простории и против него е поднесена пријава за насилно возење.