Home » Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа

Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа

by Журнал.мк

На интернет деновиве се препорачува нов пијалак за којшто голем број жени тврдат дека благотворно влијае на кожата, спречува брчки и помага за побрзо слабеење, пишува „Крстарица“.

Напитокот се состои од: два излупени портокали, четири – шест моркови, три сантиметри исечен ѓумбир и малку вода. Подготовка: Сите состојки се мелат во соковник, па сѐ тоа се процедува. Ако нема вообичаена кујнска цедалка, добиената смеса може да се процеди и низ газа или чиста памучна крпа.

Сокот се пие еднаш дневно, и тоа најубаво би било пред спиење, за здравите состојки да го имаат својот најдобар ефект. За многумина, овој сок може да биде и премногу силен, па стручњаците препорачуваат првично да се почне со три напивки неделно, па тој број постепено да се зголемува. Така, за еден месец ќе се забележи промена на изгледот на кожата и телото.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More