И вчера до полицијата пристигнале пријави за каснувања од кучиња скитници низ главниот град.
– На 05.03.2025 во 14.55 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.А.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил каснат од куче скитник.
– На 05.03.2025 во 10.45 часот во Полициската станица Карпош, М.Ц.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„1506“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
– На 05.03.2025 во 15.05 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Смирненски“ во Скопје била касната од куче скитник.