Home » Нападнати лекари во болницата во Струга: „Се борев со напаѓачот“

Нападнати лекари во болницата во Струга: „Се борев со напаѓачот“

by Журнал

Неколку медицински сестри и лекар од хируршкото одделение во струшката општа болница биле нападнати на своето работно место од лице кое насилно влегло во објектот. Инцидентот се случил во 4 часот наутро пред два дена, раскажува за Алсат докторот Илми Речи кој бил дежурен заедно со уште три медицински сестри. Сè започнало откако во одделението дошле две лица. Едниот имал повреди настанати од непознати причини. Додека чекале да влезат кај лекарот, едниот од нив почнал насилно да се однесува. Искршил процорец и врата, влегол кај лекарите и ги нападнал.

„Луѓето, односно едниот од нив, влезе внатре во одделението и без никаква консултација го нападна дежурниот хирург и другата екипа која беше дежурна. Имаше физички контакт со личноста. Јас се борев со него и мораше и да се заштитам“, вели д-р Речи.

Случајот бил пријавен во полиција. Напаѓачот бил приведен, но следниот ден пуштен. Во меѓувреме, лекарите не се чуствуваат безбедно на своето работно место.

„…Бараме од надлежните да преземат мерки, бидејќи се плашиме затоа што и во иднина може да има вакви проблеми, па затоа бараме да се преземат мерки“, додава д-р Речи.

Поради вакви несакани ситуации кои се случувале и порано, дежурните лекари се принудени да ја заклучуваат вратата на одделот после 23 часот. Во болницата во Струга нема деноноќно физичко обезбедување, па за безбедноста надлежна е полицијата.

„…Ама, додека ние повикаме полицијата поминуваат 10-15 минути додека дојдат. Оделот на хирургија сега имаше проблем, но честопати се случуваат работи на интерно. Доаѓаат пијани, издрогирани и се јавува неред“, рече Златко Лазаревски-началник на хируршко одделение

На почетокот на месецов нападнат беше и вработен во Итната медицинска помош во Охрид, а неодамна цел на напад беа и двајца лекари во брзата помош во Струга.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More