Home » Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

by Журнал.мк

На протестите во Нови Сад нападнат бил деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, кој со возило на брза помош бил пренесен во болница, објавија српските медиуми.

Според медиумите, демонстрантите кои се собрале пред Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ) во Нови Сад не им дозволиле на деканот на Факултетот, Патрик Дрид, и на професорите да влезат во зградата на факултетот.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го осуди нападот.

„Згрозена сум од насилството, садистичкото, нечовечко дивеење и напдот врз професорот Дрид во Нови Сад. Ајде повторно – кој сака да живее во ваква земја? Кој сака Србија да стане земја каде што полудени бандити линчуваат луѓе по улиците и се радуваат затоа што се повредени? Какви луѓе се овие што блокираат амбулантно возило во кое е повреден човек, што и да мислите за нив?! Во исто време додека го напаѓаат професорот Дрид во Нови Сад затоа што влегол на државен факултет како ДЕКАН, блокадорите во Ниш го нападнаа Клиничкиот центар Ниш, со цел физички да ги спречат студентите на Медицинскиот факултет да посетуваат клинички курсеви и да лекуваат луѓе! Монструозно. Секој што учествува во вакво безумно дивеење на улиците на Србија мора да биде повикан на одговорност! СТОП НА НАСИЛСТВОТО!

Министерот за правда Ненад Вујиќ, изјави дека денешното однесување на демонстрантите е јасен напад врз таа институција и насилно спречување на вработените да работат.

„Неприфатливо е насилни поединци да си даваат право да ја спречуваат работата на факултетите и професорите да си ја вршат својата работа“, рече Вујиќ.

Тој додаде дека очекува надлежните органи да реагираат и да им овозможат на деканот и професорите непречено да ги извршуваат своите работни задачи, како и да ги гонат одговорните за нападот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk