Home » Напади од кучиња скитници

Напади од кучиња скитници

by Журнал

Не стивнуваат реакциите на Скопјани, кои постојано укажуваат на проблемот со бездомните кучиња. Граѓаните велат дека и во текот на денот, но најпроблематично е во вечерните часови кога кучињата скитници најмногу напаѓаат, а со тоа сеат страв кај минувачите.

Кога ќе се реши проблемот со бездомните кучиња? Кој е виновен, надлежните кои спорд граѓаните не реагираат соодветно или пак сопствениците кои не се нафаќаат да се грижат за своите миленици и ги оставаат на улиците?

Ситуацијата е алармантна и во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Доктори и пациенти се жалат дека не можат слободно да се движат, затоа што бездомните кучиња се агресивни.

„Нема лекар што не е нападнат од глутницата кучиња во Клинички центар, во ноќните часови. Преку ноќта често одиме на конзилијарни мислења од една во друга клиника, а кучињата тогаш најмногу напаѓаат во глутница. Најмногу се собираат пред Инфективната клиника и пред Урегнетен центар, цели чопори“-вели за Тв 24 доктор што сака да остане анонимен.

Од Градското претпијатие „Лајка“, како прва алатка во синџирот за решавање на проблемот со бездомни кучиња и нивно вдомување, за ТВ 24 велат:

– ЈП Лајка работи според Законот за благосостојба на животните. Бројот на напуштени кучиња во градот го намалуваме преку кастрација и стерилизација, вакцинација против беснило и нивно вдомување или враќање на локација од каде биле заловени. Ги отстрануваме од локација единствено проблематичните кучиња кои извршиле напад или покажуваат агресија. Последен пат пријава за потреба од наша интервенција во просторот на Клинички имавме во декември 2022г. кога ги отстранивме неколкуте агресивни кучиња, сите останати на таа локација го имаат поминато третманот во Лајка. Клинички центар отсекогаш бил место каде гравитирале напуштени кучиња поради достапност до извор на храна. Нашето неодамнешното броење т.е. мониторирање на бездомните кучиња, покажа дека имаме најголема покриеност во општина Центар, каде 88% од кучињата се ојаловени, т.е го поминале хуманиот третма и се обележани со ушна маркица.

Граѓаните не престануват со реакциите и пријавите дека биле каснати од кучиња. Според статистиката само за еден ден, последнава недела имало три пријави од граѓани, од 40-60 години, дека се каснати од куче-скитник.

Според препораките од надлежните, во случај граѓаните да бидат каснати или изгребани од куче или маче треба веднаш да се јават во најблиската здравствена установа. Доколку животното е со познат сопственик, веднаш треба да пријави телефонски до надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More