Home » „Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност“, СДСМ има план за решавање на кризата

„Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност“, СДСМ има план за решавање на кризата

by Журнал.мк

„Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално Скопје се наоѓа во голема криза“, велат од СДСМ.

„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска.

Нема ни М од модерно Скопје кое го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред изборите. На Скопје му ја приредија најголемата катастрофа после земјотресот.

Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност.

Не може министрите во Владата на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да се оставени да одат пешки. Не може власта да го игнорира главниот град.

Советничката група на СДСМ и коалицијата иницираше и поднесе Барање за вонредна седница.
На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои очекуваме заеднички да ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните на Скопје.

Потребно е обединување заради интересите на скопјани.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот“, соопшти СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk