Home » „Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

„Наместо да работат во интерес на граѓаните тие го попречуваат секој чекор“: Левица со остра критика за советниците во Град Скопје

by Журнал.мк

Уште еднаш, во Советот на Град Скопје, советниците на ДПМНЕ го попречија напредокот на градот и покажаа целосно отсуство на грижа за граѓаните.

Ова го посочуваат од „Левица“, при што истакнуваат дека и покрај тоа што во повеќе наврати беше предложена и поддржана од страна на Левица одлуката за набавка на нови еко-автобуси, која е од критично значење за подобрување на јавниот превоз и заштитата на животната средина, таа веќе две години не може да се реализира поради блокадите на ДПМНЕ.

– Со нивната победа на локалните избори, тие го започнаа овој период на невидена стагнација и мизерија, а вчера, уште еднаш, го открија своето саботерско и деструктивно лице. Наместо да работат во интерес на граѓаните и да го поддржат развојот на градот, тие избираат да го попречуваат секој чекор кон напредок.

Нивниот лидер ги уверува граѓаните дека ќе ја одблокира работата на градот и Советот, но реалноста е сосема поинаква. Со ваквото однесување, граѓаните повторно се оставени на цедило, без надеж за подобрување на квалитетот на живот во градот. Очигледно е дека ДПМНЕ не е заинтересирана за напредок или благосостојба на луѓето, туку напротив, сака да гледа запалени автобуси низ улиците на градот и луѓе кои се соочуваат со секојдневни потешкотии – потенцираат од „Левица“.

Од партијата потенцираат дека „бесцелно е да се повикува на совеста на советниците од ДПМНЕ за да се преземе одговорност и конечно да се стави крај на оваа деструкција, со што ќе се обезбеди новиот и современ јавен превоз кој граѓаните го заслужуваат – тие тоа нема да го направат. Сега е времето на ДПМНЕ – на манипулации и блокади, наместо вистинска работа во интерес на сите скопјани“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More