Намаленото ниво на Охридското езеро повторно ги загрижи еколозите. Климатските промени но и послабите врнежи од дожд го земаат својот замаф.
Тие со години алармираат за штетите од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, кое и натаму се користи како акумулационен базен.
Познавачите велат драстичните намалувања на водостојот се резултат на лошо управување со езерото и час поскоро треба да се ревидира договорот со Албанија.
Постојаните осцилации се опасни за живиот и растителскниот свет .Со намалувањето на нивото доаѓа до недостаток на кислород кај рибите кој може да доведе до помор како еколошкиот инцидент пред енколклу години кај каналот Студенчишта.