Home » Намалени приноси на мед

Намалени приноси на мед

by Журнал.мк

Приносите на мед ниски годинава ниски, сушата, пожарите но и извозот на евтин мед од Украина влијае на намалениот интерес за жолтото злато. Во вакви услови пчеларите размислуваат како да најдат иновативно решение за да го пласираат медот на пазарот…

Годинава пчеларите имаат ниски приноси од само 5 килограми за мед во Повардрието. Според нив има три фактори кои влијаат климатските промени, депопулацијата на населението, намалувањето на бројот на потенцијални купувачи и отворањето на вратите на Украинскиот мед, кој за евро и половина по килограм се извезувал од таа земја и го преплавил пазарот од Европа. Пожарите летово изгореа бројни пчелни кошници, со што и така намалениот фонд на пчели е намален дополнително.

За споредба претходните години се собирало 8 до 10 килограми. Пчеларите го продаваат меѓу 500 и 600 денари а во маркетите, увозниот е 250 за кг. Со ваква состојба на пазарот, на намален интерес за домашниот мед, пчеларите се обидуваат да најдат иновативно решение за да може да го пласираат медот на купувачите.

Најдовски за неговите нови производи мед со додаток на цвекло и со додаток од печени лешници, оваа пролет доби признанија на земјоделските саеми во Нови Сад и во Белград.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk