Home » Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

by Журнал.мк

Намалена видливост поради магла до 30 метри има од село Лисец до Попова Шапка, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираа од ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Дежурните екипи, се наведува во соопштението од ЈП „Македонија пат“, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk