16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Намален притисокот – има околу 400 кревети за нови болни од коронавирусот

Најчитани вести

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 911 лица и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 72 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 58 пациент, во Кочани 17 во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 12 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството за здравство и нагласуваат дека
сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести