Home » Налозите за апсење на Србија против поранешните војници на ОВК повеќе нема да ги спроведува граничната полиција на Северна Македонија

Налозите за апсење на Србија против поранешните војници на ОВК повеќе нема да ги спроведува граничната полиција на Северна Македонија

by Журнал.мк

Налозите за апсење на Србија против поранешните војници на ОВК повеќе нема да ги спроведува граничната полиција на Северна Македонија, изјави вицепремиерот Изет Меџити. Во интервју за Косовапрес, тој нагласува дека е постигнат политички договор за ова прашање и дека наскоро ќе има одлука за системско и трајно решение поранешните војници на ОВК да не бидат приведени на границите на Северна Македонија. Меџити вели дека поранешните војници на ОВК ќе можат да се движат и покрај тоа што Србија издаде налог за апсење до Интерпол.

„Едно од прашањата останати од минатото е апсењето на поранешните војници на Ослободителната војска на Косово. Бидејќи Србија е членка на Интерпол, а Косово не, таа постојано ги ажурира списоците на војници, а тоа потоа претставува проблем. Овој проблем не е решен 20 години ниту од претходните влади ниту од претходните албански партии. Сега ексклузивно можам да ви кажам дека имаме политички договор во владата. Имаме политички договор дека тоа ќе се решава систематски со хрватскиот, словенечкиот и европскиот модел. И тоа ќе се случи многу брзо, само гледаме кој модел да го примениме и ова ќе биде системско, законско и трајно решение, војниците слободно да се движат во Македонија, како што се движат во европските земји. Имаме политички договор. „Треба да го решиме ова или во Министерството за внатрешни работи или во владата, исто како што тоа го направија Хрватска и Словенија”, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk