23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Најмалку двајца убиени во пукање во црква во Тексас, сè снимено

Најчитани вести

Две лица се убиени, а едно е во критична состојба по пукањето во неделата во црква во предградието на градот Форт Ворт, Тексас, соопштија локалните власти.

Напаѓач отворил оган во црква во Тексас, фатално затрелал две лица пред да биде убиен од вооружен член на црквата, јави Би-би-си.

Не е утврден мотивот за пукањето, кое траело шест секунди.

Началникот на полицијата во областа ги пофали „херојските постапки“ на оние кои му се спротивставија на напаѓачот.

Пукањето е снимено затоа што мисата се емитувала во живо на социјаните мрежи.

Пожарникарите известија дека три лица, се пренесени од местото на настанот во критична состојба. Тие додадоа дека опасноста поминала.

„Две од овие лица починаа на пат кон болница, додека третото е успешно реанимирано“, рече Макара Трусти, портпарол на локалната служба за итни случаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести