4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Најмалку 33 лица убиени во судири во главниот град на Централноафриканската Република

Најчитани вести

Во судири меѓу припадници на паравоените групи и трговци во мнозински муслиманскиот кварт ПК5 во Бангуи, во Централноафриканската Република, убиени се најмалку 30 лица, јавија француските медиуми.
Од 2014 година овој кварт е една од најопасните зони во главниот град на земјата.

-Триесет и три тела се донесени во џамијата, за француските медиуми изјави Авад ал-Карим, имам на џамијата Али Баболо, во квартот ПК5.

Според него, трговците земале оружје за да му се спротивстават на „оданочувањето“ на групите за самоодбрана, кои го контролираат квартот.

Безбедносен извор, кој не сакал да му се наведе името, изјави дека има најмалку 30 мртви и притоа не дал никакви дополнителни детали.

Претседателот на централноафриканскиот Црвен крст, Антоан Мбаобого, изјави дека до 16 часот имало 23 мртви, а дека сега се веќе 33, додавајќи дека во близина на пазарот имало уште тела на загинати.

Ниту мисијата на ОН во Централноафриканската Република, ниту властите во земјата, не го контролираат квартот ПК5 и нема никаков официјален биланс од судирите. Силите на ОН наведуваат за десетина загинати.

Француските медиуми констатираат дека глваната улица во квартот попладнето била празна и дека многу продавнции се ограбени.

Експлозии на бомби и рафали од автоматско оружје што се слушаа од квартот синоќа, се слушаат и денеска.

Одлучноста на трговците ги изненадила припадниците на вооружените групи кои биле навикнати да им се зема „данок“ откако во 2014 година ја презеле контолата врз квартот. Централноафриканската Република, инаку, е во хаос по воениот пуч во март 2014 година, што го изведе бунтовничката коалиција на муслиманското малцинство Селека

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com