14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Најголема на светот: Во Дубаи изградена зграда со 3D печатач

Најчитани вести

“Апис Кор” направил конструкција од 9,5 метри висина и површина од 640 квадратни метри. Компанијата тврди дека тоа е најголемата градба направена со 3D техника.

“Апис Кор” развил материјал на база на гипс кој минува низ посебен 3D печатач, а кој го прави локална компанија за производство и складирање на градежен материјал. 

Печатењето се одвивало на отворено, за да се докаже дека оваа технологија може да поднесе тешко окружување без контрола на влажноста и температурата, пишува Dizen.

Машината за 3D печатење на “Aпис Кор” е преместена од просториите на компанијата на местото за изградба за да може да се прават различни делови од објектот. Зградата е поставена на конвенционални темели, а печатот е засилен со бетон и арматура.

Исто така, за подовите се користени плочи кои се претходно испечатени, а конвенциоалните прозорци и кровови биле додадени кога биле кренати ѕидовите.

“Проектот ни пружи единствено знаење и непроценливо искуство кое ќе ни помогне во подобрување на нашата технологија и развојот на нови верзии на нашиот 3D печатач. Овој проект е огромен исчекор во индустријата на 3D печатењето”, рекол Никита Чениутаи, извршен директор и основач на компанијата.

Оваа компанија планира во 2020-та година да ја употреби својата машина за изградба на посебни куќишта во американските сојузни држави Флорида, Луизијана и Калифорнија. Компанијата исто така дизајнирала и куќи за на Марс, за потребите на НАСА./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com