6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Награда „Григор Прличев“: „Таинство на богомилите“ најдобра поема за 2019

Најчитани вести

Ракописот „Таинство на богомилите“ на авторот под шифра „Пролог“ е избран за победник на конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2019-та година. Конкурсот се распишува во чест на делото на Прличев од страна на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

„Во поемата се согледува суптилноста на авторот/ката во разоткривање на тематските целини, кои умешно комуницираат со традицијата, со изворите на словенската писменост, со релацијата догматско-еретично, со чудото и чудесното… Исказот е лирски сугестивен и хармоничен, напати спокоен и мирен, но и згуснато сензитивен, метафоричен, со посредство на кој се гради дејствие во навидум спокоен ôд, но истовремено пронижан со интензивната динамика на случувањата… Авторот/ката со именувањето на поемата ‘Таинство на богомилите’ со примената на филозофско-онтолошките и антрополошко-семиотичките пристапи, ни овозможува поетско разоткривање на светот, на бивствувањето, битието, вербата“, стои, меѓу другото, во образложението на комисијата.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на манифестацијата „Прличеви беседи“ што се одржува по повод годишнината од денот на упокојувањето на македонскиот книжевен великан, преродбеникот Григор Прличев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести