Европските берзански индекси неделата ја започнаа со раст, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цените на нафтата, златото и пченицата.
Порастот на цената на нафтата и златото, меѓу другото, е последица на неизвесноста во однос на натамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува Блумберг.
Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:30 часот порасна на 20.442,15 поени, британскиот FTSE 100 на 8.340,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.476,63 поени, а московскиот MOEX на 2.551,58 поени, пренесува Танјуг.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 44.642,52 поени пред денешното отворање на берзата во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 6.090,27 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.859,77 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.008 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 71.854 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 46.350 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2649,23 долари за унца, а на пченицата на 5,4293 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05593, што е приближно исто како и во петокот.