Home » Надзорна камера која „пука“ во провалниците (ВИДЕО)

Надзорна камера која „пука“ во провалниците (ВИДЕО)

by Lina Muslija

Словенечки стартап разви нова камера за надзор која користи вештачка интелигенција за да препознава луѓе и да пука со paintball топчиња кон непожелните гости.
Словенечкиот стартап OZ-IT од Анкаран, основан од Среќко Думаниќ, наскоро почнува кампања за групно финансирање на Kickstarter за својата камера за надзор наречена PaintCam.

Новата камера е опремена со вештачка интелигенција која ѝ овозможува автоматски да препознава лица и да донесува одлуки за дејства против несакани посетители на вашиот имот дење и ноќе – во затворен или надворешен простор.

Откако ќе открие провалник или непознато лице, камерата ја означува целта и потоа може да ја нападне со топчиња со боја или со солзавец со ултрависока прецизност, како што можете да видите на следното видео.

Пред да пука или да пушти солзавец, камерата му дава гласовно предупредување на непознатиот посетител, кој има пет секунди да го напушти имотот доколку не сака камерата да го нападне и да вклучи аларм и соодветно да го извести сопственикот на неговиот паметен телефон.

Оваа камера е дизајнирана така што незлонамерните ненајавени посетители како вашите пријатели, роднини, поштарот и слично, ќе имаат време да избегаат.

Покрај „борбата“ со осомничените луѓе, камерата може да се програмира да ги препознава вашите миленици, што значи дека може да пука во мачка или куче од соседите што влегуваат во оградениот двор, автоматски снимајќи и складирајќи сѐ што ќе забележи во видеомеморијата, која можете да ја прегледувате подоцна.

Кампањата за збирно финансирање на Kickstarter започнува на 23 април, кога ќе се дознаат повеќе технички детали и цената на овој нов чувар на домот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More