Home » Надзорен орган во ЕУ бара забрана за шпионски софтвери

Надзорен орган во ЕУ бара забрана за шпионски софтвери

by Журнал.мк

Европскиот надзорен орган за заштита на податоци (ЕДПС) побара шпионскиот софтвер Пегасус на израелската компанија НСО Груп и сличните софтвери да бидат забранети во ЕУ.

„Забраната за развој и распоредување на шпионски софтвер со можности како оној на Пегасус во ЕУ би бил најефекасниот начин за заштита на нашите основни права и слободи“, се наведува во соопштението на ЕДПС, пренесува ТАСС.

Исто така, се вели дека употребата на Пегасус може да доведе до невидено ниво на интервенција, „што може да влијае на најинтимните аспекти од секојдневниот живот“.

Во средината на минатото лето, француската невладина организација „Забранети приказни“ и 17 медиуми во различни земји објавија истрага во која се тврди дека десетици илјади луѓе во светот можеби биле следени од Пегасус, тројански коњ за мобилни телефони. Голем број шефови на меѓународни организации, влади и држави можеби биле мета на такво следење наведува британски Гардијан, кој е вклучен во истрагата. Израелската компанија NSO Group, која го разви софтверот, тврди дека правото на користење на Пегасус е доделено исклучиво на држави и владини агенции со посебна дозвола од израелските власти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More