По катастрофалниот пораз од Холандија со 5:0, македонската репрезентација У21 се пресели во Гибралтар каде што треба да го одиграат следниот меч од квалификациите за ЕП. Надежите предводени од Драган Канатларовски имаат катастрофални квалификации, затоа што имаат само шест бодови – сензационалната победа над Шведска во гости во првото коло и над Гибралтар со 1:0 во Скопје.
Другото се се порази. Па сега ќе се поправа впечатокот против Гибралтар во гости кој е последнопласиран на табелата.
Засега не се знае дали ќе можат да настапат Ерен Алиевски и Димитар Тодоровски кои имаат стомачен вирус. Лекарскиот тим прави напори да ги оспособи за утрешниот натпревар (од 13:00 часот).
Надежите тренираа во Гибралтар, под прашалник се Алиевски и Тодоровски
91