Home » Над илјада договорци на дело во здравството уште со нерешен статус

Над илјада договорци на дело во здравството уште со нерешен статус

by Журнал.мк

Дали и кога здравствените работници кои со години работат со договори на дело ќе добијат решенија? Иако претходниот владин состав уште пред Нова година најави дека веднаш после изборите 1.117 лица ќе бидат вработени, од министерството за здравство велат дека во моментот е на сила одлука од Влада да не се продолжи со вработувања, но без одговор зошто.

– Во моментот е на сила одлука од Влада да не се продолжи со вработувања, веднаш по нејзино повлекување ќе почне постапката за реализација на потребните вработувања, т.е. 1.117 одобрени вработувања во цела држава. – велат од Министерство за здравство.

Од владата пак велат дека претходниот состав придонел за девастација на здравството и најавите за овие вработувања велат дека биле популистички ветувања пред избори.

– Тоа што најмалку се случуваше беше грижа за пациентите и секако грижа за стручниот и болничкиот персонал, што доведе до девастација на терцијалното здравство. Владата презема конкретни мерки за справување со состојбата и враќање на терцијалното здравство коешто ќе одговори на потребите на пациентите, меѓу другото и со надминувањето на двојствата со укинувањата на т.н. економски директори во јавно здравствените установи, а се усвои и информација за вработување на 600 специјализанти. Состојбата во здравството е пресериозна и бара сериозен пристап, а не празни популистички изборни ветувања. – велат од Влада.

Од независниот синдикат на здравствени работници велат разочарани се што состојбите и натаму се исти и очекуваат решенија од новата власт.

„Претходната влада не излажа и не изманипулира, но нас не радува фактот што на 09 јули со одлука на Владата се донесе одлука за нови вработувања во здравството, за околу 600 луѓе и таа бројка ние ја поздравивме, бидејќи имаме голем број на вработени кои што се потребни во здравствениот сектор и на кои им е потребна трансформација на договорите на определено време. Не е само средно медицински персонал, моментално во здравствените институции има недостиг од хигиеничари, болничари, технички персонал и наш апел до Владата е што побрзо да се решат овие случаи за да не дојде до колапс во здравствениот сектор.“ – вели Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници.

Здравствени работници кои со години работеа со договори на дело за минимална плата и без здравствено и пензиско осигурување со месеци протестираа за подобри работни услови и решавање на статусот. Во меѓувреме како што велат од синдикатот дел од нив решиле да заминат од земјава, а дел пак да сменат професија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More