Деведесет и пет возила учествувале во верижна сообраќајна несреќа во Казахстан, јавува агенцијата „Анадолија“.
До несреќата дошло поради непочитување на дозволената брзина и одржување на безбедно растојание при лоши временски услови.
Казахстанската национална компанија за управување со автопатишта (KazAvtoJol) соопшти дека несреќата се случила на автопатот Астана – Петропавл во попладневните часови.
Причинета е материјална штета, но во несреќата нема загинати и повредени.