Home » Над 8.000 луѓе ги напуштија пограничните области на регионот Курск

Над 8.000 луѓе ги напуштија пограничните области на регионот Курск

by Журнал.мк

Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштиле пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации на својот канал на Телеграм.

Според Министерството, во центрите за привремено сместување има околу 6.000 луѓе, пренесе Интерфакс.

Со нив работат специјалисти од Центарот за итна психолошка помош на Министерството за вонредни ситуации на Русија и регионалниот оддел на агенцијата.

Како што изјави претставникот на руското Министерство за вонредни ситуации во регионалниот оперативен штаб на брифингот одржан во Курск, жителите си заминале „самостојно и во организирани колони“. Според него, во регионот континуирано пристигнува хуманитарна помош.

„Денеска е планирано пристигнување на уште пет конвои со хуманитарна помош, кои ќе испорачаат шатори, постелнина како и друга опрема неопходна за работа на ПВР (центар за привремено сместување)“, рече претставникот на Министерството.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More