Повеќе од два месеци нема откуп на оризот во кочанскиот регион. Полни вреќи стојат во амбарите, оризопроизводителите револтирани од настанатата ситуација, велат стои 70% од оризот. И додека нивниот ориз стои неоткупен државата увезува ориз, па се мешаат и квалитети, велат оризарите.
„Нема откуп, статус кво е од август месец. Нема откупено ниту еден килограм ориз, ние останавме без пари, а треба да напарвиме репродукција. Производната цена е 26 ние треба да го дадеме оризот под 26 денари, како да направиме репродукција. Дали е свесен министерот што и се случува на оризарите“ – вели Арсов.
Должни по аптеките, пари немаат, а оризот во амбарите го јадат птици велат оризарите. Со сегашната цена велат вратени се неколку години наназад. Не можат да ги покријат ниту трошоците, па ако нема откуп и пари нема да има ниту ориз наредната година.
„Никога не е било оризот да не се откупува пред Нова година и по Нова Година. Сегашната цена од 28 денари до 32 денари беше пред неколку години. 2022 имавме 32 до 34 денари цена, 2023 – 39 до 40 денари“ – вели Анѓелов.
Оризарите бараат нова средба со министерот како и шест денари за килограм предаден арпа. Бидејќи мерката донесена од страна на Владата не се почитува од страна на откупувачите и токму затоа оризот стои не откупен.
„Ние бараме од министерот средба за да се договориме да даде на земјоделците, на производителите шест денари на предаден килограм арпа. Откупувачите немаат слух за откуп на арпата“ – вели Арсов.
Оризпроизводителите децидни доколку не се откупи оризот ќе организираат протест и ќе ги побараат своите права.