Home » Над 70 милиони денари за Куманово, Липково и Старо Нагоричане за проекти за регионален развој

Над 70 милиони денари за Куманово, Липково и Старо Нагоричане за проекти за регионален развој

by Журнал.мк

Националниот совет на Владата одобри над 70 милиони денари за регионален развој на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, соопштија денеска надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион. Центарот аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој за повеќе проекти, кои се одобрени и се очекува да се реализираат до крајот на годинава.

За Куманово се одвоени околу 30 милиони денари.

– За Куманово одобрен е проектот „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“ во кој влегуваат повеќе активности, меѓу нив изградба на смарт парк во градскиот парк, реконструкција на трибините во спортската сала, набавка на полуподземни контејнери за „Чистота и Зеленило“, набавка на возила за смет, алат и други материјали за ова претпријатие и изградба на термо енергетска фасада на училишниот објект на „Браќа Миладиновци“ во близина на Соколаната, изјави Владимир Павловски од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

Липково доби 17 милиони денари за изградба на локален пат во село Отља во должина од 1.981 метар и изградба на пат во село Виштица во должина од 410 метри.

За општина Старо Нагоричане се одобрени проекти во вредност од седум милиони денари и се однесуваат на изградба на патот Попчевци-Богдановци во должина од 945 метри и реконструкција на зградата на општината.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk