Home » Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени

Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени

by Журнал.мк

Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина.

Големиот земјотрес што не предизвика никакви проблеми, беше регистриран кусо по 19 часот по локално време во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а во период од нешто повеќе од 12 часа биле регистрирани 68 земјотреси помали од 2 степени со исклучок на еден од 3,8 и еден од 4,2 степени што беа само неколку минати по силниот.

Професорот по сеизмологија на Солунскиот Универзитет, Костас Папазахос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека земјотресот од 5,2 степени е вообичаен земјотрес за Грција во нормален расед во регионот на Халкидики, а станува збор за „област со релативно ниска сеизмичка активност“.

Земјотресот беше почувствуван и во Солун, но и во јужниот дел на нашата земја.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk