Home » Над 500 студенти и врвни доктори утре и во сабота ќе го одбележат третиот студентски конгрес

Над 500 студенти и врвни доктори утре и во сабота ќе го одбележат третиот студентски конгрес

by Журнал.мк

Со макотрпаната работа на студентите од факултетот за медицински науки при УГД Штип, организиран третиот студентски конгрес. Истиот ќе се одржи утре и во сабота во просториите на мултимедијалниот ценатр во Штип. На истиот настан ќе учестуваат врвни доктори од рамките на нашата држава, но и пријавени над 500 студенти.

„Со огромна радост ви го најавуваме и најголемиот настан кој ке ја одбележи оваа академска година за студентите на факлутетот за медицински науки при УГД. Третиот студентски конгрес на студентите по општа медицина. Иститот ќе се одржи за 17 и 18 мај во просториите на мултимедијалниот центар. После неколку годишна пауза од последниот конгрес и со макотрпна работа се организира овој конгрес.На конгресот има пријавено над 500 студенти.“ – изјави Жежова

Студентите посочиа дека конгресот генерално ќе завземе теми од клиничката област на медицината со акцент на хирургија, интерна медицина, ортопедија и дерматологија.

„Покрај стручната програма која ја презентираме во текот на овие два дена во петок и сабота. Горди сме на тоа што успеавме да организираме Гала вечер на 18 мај на која што ќе бидат доделени награди за најдобрата орална презентација и постер презентација. Благодарение на фондацијата која ќе додели вредносни ваучери од 500 евра и публикација во списаније.“ – додава Величков

Студентите во текот на оваа програма организриале и Гала вечер на 18 мај на која ќе бидат доделени награди во вредност од 500 евра но и публикација на списаније.

„Иако нашиот организиционен одбор брои три челена, поширокиот тим брои околу 20 студенти. Самиот настан е подржан од рекорот на факултетот, грдоначалникот, дирекотрот на Клиничка Болница Штип и дирекотрката на Здравствен дом Штип“ – додава Жежова

Ораганизациониот одбор брои три члена , а поширокиот тим околу 20 студенти. Велат дека макотрпно се спремале повеќе од осум месеци. Но, самиот настан бил подржан од ректорот на факлутетот, градоначалникот, Клиничката Болница и здрваствениот дом.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More