Home » Над 500.000 раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Газа

Над 500.000 раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Газа

by Журнал.мк

Повеќе од 500.000 раселени Палестинци се вратија во северниот дел на Појасот Газа преку патиштата Ал Рашид и Салах ал-Дин, соопштија денеска властите во енклавата.

„Ова се случува по 470 дена принудно раселување од почетокот на геноцидот извршен од израелската окупаторска армија во Појасот Газа“, се вели во соопштението.

Новинарите на Ал Џезира од терен известуваат дека некои повратници на север одлучиле да се вратат во централниот дел на Појасот Газа, бидејќи на северот нема вода, храна, засолниште или санитарни услови.

По 15 месеци војна, раселените Палестинци почнаа да се враќаат на север во понеделникот, откако добија дозвола од израелската војска, додека во тек е размена на заложници и затвореници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk