Home » Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

by Журнал.мк

Над 40 камери се прегледани, вклучувајќи ги и камерите од „Безбеден град“ и извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица во врска со случајот со лекарот кој во четвртокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот кај поликлиниката Железара.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши и дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.

– Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот – велат од МВР.

Шесесет и седумгодишниот лекар, кој работел како матичен лекар, беше пронајден минатата недела во неговото возило со убодни рани по телото. Според пријавата во полиција, телото го пронашле неговите синови откако тој не се вратил од работа.

Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот во знак на револт прекинаа со работа барајќи построги казни за напад врз здравствените работници, а Лекарската комора во петокот побара итна разрешница на случајот. Денеска, и министерот за здравство Илир Демири изрази жалење и побара од истражните органи да ја спроведат истрагата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk