Home » Над 2000 претставки стигнале до “Гласен текстилец“ за неисплатен К-15

Над 2000 претставки стигнале до “Гласен текстилец“ за неисплатен К-15

by Журнал

Над 2000 работници незадоволни од исплатата на регресот за годишен одмор за минатата година. Толкав е бројот на преставки кои имат пристигнато до штипското здружение Гласен текстилец. Од нив, петстотини се од работници на кои воопшто не им е исплатено К-15, а на сметките на 1420 како регрес за годишен одмор им е исплатено од 500 до 5000денари. Исплатата на ваквите суми се резултат на дупките во законот и дозволуваат работодавачите да манипулираат со бројките.
изјава-Кристина Ампева-Гласен текстилец-Штип

„Таму кадешто има помал износ од 3000 до 1000денари, како што имавме и изминатите години, за жал не може многу да се направи поради тоа што пак ќе кажам Сојузот на синдикати како репрезентативна страна, потписничка на тој колективен договор се уште има оставено отворена врата за злоупотреба дека фирмата работела со загуби и поради истото ќе има исплата помала од таа што е назначена за таа година. За жал таа помала исплата не е утврдена„ изјави Кристина Ампева од Здружението„Гласен текстилец„ од Штип.
Најголемото незадоволство доаѓа од работниците кои работат во секторите градежништо, текстил и во агенциите за обезбедување. Од Гласен текстилец најавија дека од УЈП ќе барат да направи контрола во завршните сметки на фирмите кои пријавиле загуба.

„Еве да провериме за ланските фирми кадешто имало наводно спогодба за финансиски потешкотии да побараме од УЈП да се врати една година наназад за да ги види тие загуби. Во март дополнително ќе испратиме и за овие. Некаде работодавачите мислат дека од Бога им е дадено да не исплаќаат К-15, претежно тоа е во Југоисточниот регион, но и во агенциите за обезбедување„ изјави Ампева.
Од Гласен текстилец посочуваат дека имат евидентирано и случаи на исплата на К-15 под минималниот износ во првите денови од јануари. За нив дополнително ќе се утврдува дали е годишен регрес за тековната или за ланската година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More