10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Над 150 лица годишно гинат во сообраќајки

Најчитани вести

Голем е бројот на лица кои го губар животот во сообраќајки. Во просек од 150 до 160 лица годишно го губат животот во сообраќајни несреќи низ Македонија. Иако годинава на државно ниво се очекува одредено намалување на бројот на загинати во сообраќајни несреќи, сепак според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, безбедноста на сообраќајот го нема достигнато потребното и посакувано ниво.

Инаку, статистиката покажуваат дека во 2018 година во земјава загинале 133 лица, а според неофицијалните податоци годинава се очекува бројка од околу 130 загинати. Меѓутоа годинава се случија неколку сообраќајни несреќи со поголем број загинати и повредени лица што според претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, ја прави ситуацијата уште полоша.

Со цел ваквите црни бројки да не се повторуваат односно да почнат многу повеќе да се намалуваат, Кожуваровска истакна дека следната година, пред сите како учесници во сообраќајот, но и како надлежна институција се исправени сериозни предизвици кои мора да се надминат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com