Home » Над 1000 потписи имаат Османи, Ваконовска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи

Над 1000 потписи имаат Османи, Ваконовска и Димитриевски, ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи

by Журнал.мк

Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

Еднаш дневно ДИК прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира.

Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

Вело Марковски 98
Билјана Ванковска Цветковска 1105
Томе Николоски 0
Бујар Османи 3261
Господин Поповски 0
Максим Димитриевски 1594
Стевчо Јакимовски 658
Ѓорѓи Манасков 21
Арбен Таравари 1
Мерсиха Смаиловиќ 0
Зорица Цветковска 0

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More