Home » Над 100 групи на производи со ограничена маржа на 10 %, маркетите јавно да ги објавуваат цените

Над 100 групи на производи со ограничена маржа на 10 %, маркетите јавно да ги објавуваат цените

by Журнал.мк

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10% ограничување на маржата во трговија на мало и 10% во трговија на големо на основните прехранбени производи. На истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, информира портпаролот на Влада, Марија Митева.

Истата листа треба да биде дополнета со средствата за хигиена како детергентите и плус да се дополни со бебешката храна, како и со други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа.

-Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес, и да трае заклучно со 30.04.2025-та година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кој од маркетите ќе пазарат. Да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување, ќе придонесе кон усогласување на самите цени на производите, рече Митева.

Владата, дополнително, го задолжи Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, Министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други, каде што ќе можат да се разгледуваат и други предлози и мерки со кои долгорочно ќе се реши оваа состојба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk