Home » Националниот џез оркестар заедно со Рамбо Амадеус на три концерти во Хрватска

Националниот џез оркестар заедно со Рамбо Амадеус на три концерти во Хрватска

by Журнал.мк

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус.

Оваа мини турнеја низ Хрватска започнува на 25 јуни кога Оркестарот ќе настапи во Тврдината Св. Миховила, Шибеник. По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржиод 28 до 30 јуни на полуостровот Приро во Хрватска. Третиот концерт ќе се одржи во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, на 1 јули.

Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремек дела.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More