Началникот на Генералштабот на Туркије, армискиот командант Метин Ѓурак, се сретна со неговиот колега, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамките на неговата официјална посета на Северна Македонија, известува Агенција Анадолу.
Генерал-мајор Лафчиски со висока воена церемонија го пречека Ѓурак во Скопје.
По церемонијата, Ѓурак и Лафчиски имаа тет-а-тет средба и меѓуделегациска средба, на која, покрај турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, присуствуваа и воени претставници од двете земји.
Ѓурак се потпиша во книгата на сеќавање, а началниците на генералштабите на двете земји си разменија и подароци.
Генералштабот на Северна Македонија информираше дека главни теми на средбата се унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата и придонесот на Армијата во меѓународните операции и мисии.
Началникот на турскиот ГШ, Ѓурак, се сретна и со претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како дел од неговата посета на земјата.