Home » На затворена седница противзаконски се носел заклучок да се продолжи мандатот на претседателката на Судски совет, тврди Милошоски

На затворена седница противзаконски се носел заклучок да се продолжи мандатот на претседателката на Судски совет, тврди Милошоски

by Журнал.мк

Во понеделникот во Судскиот совет се одржал работен колегиум, затворен за јавноста, на кој се отворила расправа за противзаконско продолжување на мандатот на претседателката на РСС.

Имено, членот на РСС Весна Дамева на ден 5.12.2022 година избрана е за Претседател на Судскиот совет, а мандатот и завршува на 5 12.2024 година, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.

Членот 8 став (5) од Законот за Суски совет е многу јасен:

Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор. Сега дел од членовите на РСС, заедно со Дамева, сега се обидуваат на претседателката на Судскиот совет да И дадат бонус продолжување на мандатот од 8 месеци, како компензација за периодот во кој беше неделовнички разрешена од таа позиција во април 2023 година.

Со 9 гласа ЗА бил усвоен ваков незаконски заклучок на затворениот колегиум во РСС на 25.11.2024. Овој заклучок е спротивен на чл.8 од Законот за Суски совет, а истиот е и и без основа бидејќи со пресудата на Управниот суд од декември 2023 се поништи неделовничката одлука на РСС и со тоа истата не предизвикува правно дејство.

Да биде иронијата поголема, овој контраверзен записник на РСС, во кој со заклучок се предлага незаконско продолжување на мандатот на претседателката на Судскиот совет, сега не им се доставува на членовите кои гласале против. Циркус во боја. Судскиот совет наместо извор на право и судски стандарди стана создавач на неправо и политички клиентелизам.

Со ваквото работење Дамева и нејзинината коалиција во РСС можат да успеат само во едно, и онаа ниска доверба од 2% да ја паднат на уште пониско ниво“, додава Милошоски

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk