Home » На заеднички час на платото на УКИМ студентите ќе изразат сочувство за жртвите

На заеднички час на платото на УКИМ студентите ќе изразат сочувство за жртвите

by Журнал.мк

Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на платото на Универзитетот ќе одржат организиран заеднички час во форма на искажување сочувство кон жртвите кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани.

Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе.

Заедничката настава и собирите на студентите, најавија, ќе продолжат сè до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk