Home » На Украина се бореле 90 македонски државјани, од кои убиени или елиминирани се 30

На Украина се бореле 90 македонски државјани, од кои убиени или елиминирани се 30

by Журнал.мк

Руското министерство за надворешни работи објави податоци од нивното министерство за одбрана кое тврди дека македонски државјани војуваат на фронтот во Украина. Според последната листа на руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на страната на Украина се бореле 90 македонски државјани, од кои убиени или елиминирани се 30.

Нема информација дали и колку во моментов има македонски државјани кои учествуваат во воените дејствија.

„Почнувајќи од 24 февруари 2022 година, вкупно 13.387 странски платеници пристигнаа во Украина за да се борат за неонацистите. Од нив, 5.962 се елиминирани“, стои во официјалниот допис на руското МО, објавен од руското Министерство за надворешни работи.

Од објавата на нивниот Твитер профил, може да се забележи дека од европските земји, најмногу платеници имало од Полска, додека најмалку од Србија, Луксембург и Исланд. Руското МО објави податоци за земји од сите континенти, па така може да се забележи дека во војната учествуваат и платеници од Африка, но и од континентот Австралија и Океанија.

Доколку македонски граѓани заминат да војуваат во Украина, им се заканува затворска казна кога ќе се вратат дома. Според Кривичниот законик тој што спротивно на закон „создава, организира, регрутира, превезува организира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на РСМ ќе се казни затвор од најмалку пет години (член 322 – а).

Во истиот член пишува дека „македонски државјанин кој учествува или се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организира групи или поединечно, надвор од територијата на земјата ќе се казни со затвор од најмалку четири години“. И тој што повикува или врбува или поттикнува друг на извршување на делата ќе се казни со затвор од најмалку четири години. Овие законски решенија важат и за легионерите кои би заминале во Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More