Home » На слон не му се допаднал џипот на Форд, па го превртел

На слон не му се допаднал џипот на Форд, па го превртел

by Журнал.мк

А тоа што им се случило најмногу наликува на сцените од Паркот Јура, но наместо Т-рекс, во главната улога има навидум мирен слон. Според Њујорк пост, инцидентот се случил во природниот парк iSimangaliso Wetland во Јужна Африка. Како што покажува краткото видео, белиот теренец на Форд поради некоја причина му пречел на слонот кој потоа решил лично да се справи со лимениот натрапник.

Видеото трае само 21 секунда, колку што му требало на слонот за да го преврти теренецот на покрив. Сирената од другото возило од каде се снимал настанот, не му го одвлекло вниманието. На крајот, возачот му вели на совозачот „јави им се“, а таа му вели дека „не знае на кого да му се јави“.

Откако го превртел возилото, слонот се оддалечил. Патниците во возилото поминале со полесни телесни повреди, но сите се во видлив шок од блиската средба со најголемото копнено животно.

Во моментов се води истрага за да се утврди која била причината за инцидентот и ваквата агресивна реакција на слонот врз теренското возило што минувало.

Ова не е прв пат да се сними напад на слон врз возило. Во септември минатата година, слон нападна автобус, а потоа со заби ги скрши стаклата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More