Home » На штипскиот клинички центар му недостасуваат 130 медицински лица

На штипскиот клинички центар му недостасуваат 130 медицински лица

by Журнал.мк

Новиот директор треба да ги решава старите проблеми во штипската болница, која исто како и останатите во внатрешноста на државата кубури со кадар и работи со петни жили. Од потребните 550, во моментов во болницата во Штип работат 420 лица, односно недостигот од 130 работници, најпрвин ќе се ублажува со нови 33 вработувања, вели директорот Владко Захариев.

Реактивирање и отпочнување на процесот за нови вработувања е во фаза на преговори со ресорното министерство, а недостигот од медицински персонал, како што вели новиот директор се чувствува на сите оддели. Но, освен сериозниот недостиг на кадар, дали после осум години ветувања работите ќе се поместат од мртва точка и конечно ќе се доврши изградбата на новата болница во Штип?

Инаку, новата болница во центарот на истокот се гради веќе осум години и сѐ уште не е целосно изградена. Дали овој пат ќе биде поинаку, останува да видиме.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More