Home » На само неколку часа пред студентскиот протест, исплатени се стипендиите – напиша на ФБ министерот Шаќири

На само неколку часа пред студентскиот протест, исплатени се стипендиите – напиша на ФБ министерот Шаќири

by Журнал

На само неколку часа пред најавениот денешен студентски протест, на кој меѓудругото, студентите ќе протестираат поради ненавремената исплата на продолжените стипендии, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на Фејсбук соопшти дека стипендиите им се исплатени.

„Драги студенти, додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба“ – напиша Шаќири на Фејсбук.

Тој ги повика студентите да ги искористат концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите и апелира да не дозволуваат да бидат, како што вели, изманипулирани од дезинформации и злонамерни повици.

За денеска во 14 часот студентите најавија протест пред Министерството за образование и наука, на кој, како што вечат, ќе го изразат својот револт од ненавремената исплата на продолжените стипендии, задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk