Home » На повидок е најголемата кралска драма до сега: Принцот Хари и Меган се подготвуваат за најтешката „битка“ против Трамп?

На повидок е најголемата кралска драма до сега: Принцот Хари и Меган се подготвуваат за најтешката „битка“ против Трамп?

by Lina Muslija

Долго време се шпекулираше дека принцот Хари би можел да биде депортиран од САД откако во својата автобиографија „Spare“ признал дека користел дрога во младоста. Сепак, не е познато дали тој ги внел овие податоци при аплицирање за виза.

Минатата година Доналд Трамп изјави дека доколку принцот Хари не биде искрен во документацијата, може да се соочи со сериозни последици.

Кога тој беше реизбран за претседател, фановите на Сасекс беа вознемирени. Дали навистина ќе биде депортиран?

Сепак, Трамп брзо ја смири ситуацијата велејќи дека не планира да го допре Хари, додавајќи: „И онака има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“. Оваа контроверзна изјава предизвика бура од коментари во јавноста.

Некои кралски експерти веруваат дека Хари треба да се соочи со претседателот и да бара отштета за клевета.

„Тоа беше неверојатно навредливо и страшно. Сите знаеме што сакаше да каже Трамп, можеби многумина се согласуваат со него, но тоа да се каже јавно е навистина понижувачко. Се прашувам дали Меган и Хари можат да преземат каква било правна постапка за тоа? – изјавила Ингрид Сиуард, авторка на книги за британското кралско семејство.

Како што објасни таа, Сасексите живеат во Калифорнија, која е „исклучително демократска“, па зборовите на Трамп би можеле да предизвикаат уште поголема негативна реакција.

„Може да се потврди дека неговите коментари го оштетиле нивниот бренд, но секоја правна битка против Доналд Трамп би била исклучително тешка. Сепак,  сериозно размислуваат за нивниот следен чекор, бидејќи тие не се тип на луѓе што треба да се повлечат од нападот“, додаде американски адвокат специјализиран за интелектуална сопственост.

 

Конфликтот трае со години

Ова не е прв пат односите меѓу Меган Маркл и Доналд Трамп да бидат затегнати. Назад за време на неговата прва претседателска кампања, поранешната актерка отворено ја поддржуваше Хилари Клинтон и го нарече Трамп „мазогинист“.

Подоцна, кога се омажи за Хари, Трамп го посети Лондон и присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора, на кој Меган избра да не присуствува.

Тензиите продолжија да растат кога Сасексите се откажаа од кралските должности. Трамп тогаш изјави дека Хари е „под нејзина контрола“ и дека Меган „го води за нос“ пишува „М“.

Неодамна поранешниот американски претседател го пофали принцот Вилијам, со кој се сретна во Франција за време на церемонијата на отворање на реновираната Нотр Дам. Ова дополнително влијаеше на Хари, давајќи му на „конфликтот“ на Трамп со Сасексиите друга димензија.

Дали Хари и Меган навистина ќе се почнат правна битка против Доналд Трамп останува да се види. Едно е сигурно – овој конфликт нема така лесно да се заборави, пренесува „Жена.блц“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk