Ноќеска во 04.30 часот на паркинг просторот на бензинска пумпа во гевгелиско бил лишен од слобода А.А.Б.С.(22) од Мароко.
Тој бил пронајден на кров од паркирано товарно моторно возило и се обидел да го напушти местото на настанот при што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.