Home » На подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.2025) полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 – се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53; па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци. – Advertisements – Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 21 нерегистирано возило, како и шест возила кои што биле технички неисправни. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност и апелираме до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи

На подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.2025) полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 227 се однесуваат на непрописно паркирање, а 212 – се однесуваат на непочитување на дозволената брзина на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 53; па прекршоците за некористење на сигурносен појас (47) и за користење на мобилен телефон при возење (28), како и 25 прекршоци што ги сториле пешаци. – Advertisements – Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, осуммина возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 21 нерегистирано возило, како и шест возила кои што биле технички неисправни. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност и апелираме до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи

by Журнал.мк

Василка Трајкова (71) од Велес, жена со оштетен вид на двете очи, се уште не е пронајдена, и по седум недели од нејзиното исчезнување. Според информации од МВР, таа излегла од својот дом во Велес на 14-ти јануари, околу 16 часот, а со себе носела здравствена легитимација.

Последен пат била забележана истиот ден, околу 17.20 часот, во Велес на улица ,,Анѓел Мишев” во правец од долен дел на Градски пазар кон паркинг простор лоциран во близина на Стар Мост покрај реката Вардар.

Каде тргнала сама, и покрај тоа што била лице со оштетен вид, и зошто нејзиниот сопруг исчезнувањето го пријавил во полиција дури наредниот ден, околу девет часот, се уште нема официјална информација.
Како што информираат од СВР Велес, жената се уште се води како исчезната. Било пребарано речното корито на Вардар, како и пошироката околина, и се превземале мерки за нејзино пронаоѓање.

Според информации објавени на официјалната страница за исчезнати лица на МВР, во Велес покрај Василка, како исчезнати се водат уште седум лица, на возраст од 25 до 82 години. Од нив, две се жени, додека пет лица се мажи. Пет од нив исчезнале во периодот од 2012 до 2015 година, а пак две лица во 2004, односно во 2009 година.

Во 2015 година исчезнала Цветанка Тодоровска (82), Ангел Стојанов (25) исчезнал во 2012 година, Борис Атанасов (71) исчезнал во 2014 година, Ицана Арсоска (48) исчезнала во 2012 година, Кирил Ќимов (65) исчезнал во 2014 година, Стојан Митковски (50) исчезнал во 2004 година и Петре Мишев (62) исчезнал во 2009 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk