Корисниците на паметни часовници во иднина ќе можат на своите уреди да видат две предупредувања: „Бидете на готовс“ и „Почнете да се движите“.
Ако користите паметен часовник со Wear OS како оперативен систем, наскоро ќе добиете надградба која би можела да ви го спаси животот.
Имено, Google започна со ажурирање што ја донесува една од големите Android функционалности токму на паметните часовници — рано предупредување за земјотрес.
Да потсетиме, Google уште во 2020 година ја претстави оваа функција за предупредување за земјотреси на своите Android телефони. Функцијата ги алармираше корисниците неколку секунди до повеќе од една минута пред да го почувствуваат потресот, преку аларми и известувања, за да се подготват за ударот.
За да го постигнат тоа, од Google одлучиле да ги искористат акцелерометрите во Android телефоните како мини сеизмометри. Кога системот ќе забележи тресење, испраќа податок до серверите на Google, кои потоа проверуваат дали има и други уреди што бележат тресење. Ако регистрира повеќе потреси, системот ја проценува локацијата и јачината на земјотресот и испраќа известување.
Корисниците на паметни часовници ќе можат да видат две предупредувања на своите уреди. „Бидете на опрез“ ќе се активира при детекција на благи потреси и нема да пушта звук доколку тој е исклучен.
Предупредувањето „Почнете да се движите“ ќе се појавува во посериозни ситуации, при посилни потреси, и ќе биде проследено со гласен аларм и црвено предупредување на екранот, дури и ако звукот е исклучен. Исто така ќе прикажува и совети за безбедно однесување за време на земјотрес.
Во итни ситуации, како што е надолежен земјотрес, известувањето за неговото доаѓање на зглобот може да значи разлика меѓу живот и смрт за некои корисници, особено во региони каде често има силни земјотреси (Јапонија, Филипини, Турција…).
Засега не е познато кога оваа функционалност ќе биде достапна на сите уреди со Wear OS, но се претпоставува дека тоа ќе се случи во наредните неколку недели.