Home » На опожарениот италијански траект пронајден мртов патник

На опожарениот италијански траект пронајден мртов патник

by Журнал.мк

Ова е првата жртва од единаесет патници, возачи на камиони, кои се водат како исчезнати по пожарот, потврди грчката крајбрежна стража за француската новинска агенција.

Во неделата наутро, еден патник на италијански траект беше пронајден жив, што предизвика оптимизам кај властите и семејствата на исчезнатите.

Но, при спасувачка акција на уште четири до пет патници кои наводно биле живи, пронајдено е само изгорено тело на маж во камион кој бил на траектот, соопштија грчките пожарникари.

21-годишен белоруски возач бил пронајден жив во задниот дел на траектот во неделата наутро и бил забележан дури кога траектот бил довлечен на три километри од Крф, објави грчката крајбрежна стража.

Фериботот „Еурофери Олимпија“ на италијанската компанија „Грималди“ се запали во петокот рано наутро на пат кон италијанското пристаниште Бриндизи, два часа откако го напушти грчкото пристаниште Игуменица. На него имало 290 луѓе, од кои 51 член на екипажот.

Досега се спасени 279 евидентирани патници и двајца илегални авганистански мигранти, што ги зголемува стравувањата за уште исчезнати. Единаесет возачи се уште се водат за исчезнати, седум Бугари, тројца Грци и еден Турчин. Засега не е позната националноста на пронајдената жртва.

„Потрагата продолжува, но пристапот до некои места е невозможен“, изјави членот на спасувачката служба Андреас Корикис.

Траектот превезувал 800 м3 мазут и 23 тони „опасни корозивни производи“, соопшти италијанското Министерство за животна средина.

Грчката служба за поморски несреќи во истрага. Но, се чини дека пожарот избувнал на камион паркиран во трупот на бродот. Возачите рекле дека повеќе сакаат да спијат во камионот отколку во преполните кабини. Фериботот, изграден во 1995 година, успешно ја поминал безбедносната проверка на 16 февруари, додава компанијата „Грималди“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More