Home » На комисиска расправа измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот

На комисиска расправа измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот

by Журнал.мк

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, во второ читање.

Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страна, целта на овие измени на Законот и тоа во делот каде се утврдени условите за избор/именување на директор, заменик директор и на други јавни функции, да се создаде можност за избор на стручни кадри во сферата.

-Целта на овие измени на Законот и тоа во делот каде се утврдени условите за избор/именување на директор, заменик директор и на други јавни функции, е на тој начин што условот за поседување на меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик кој е поединечно дефиниран во посебните матријални закони, е да се додадат зборовите: „или сертификат и/или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици во Европската Унија-англиски, француски или германски со најмалку Б2 ( В2 ) од Европската референтна рамка за јазици, издадена од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга“, се вели во образложението за Предлог-законот.

Исто така, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk