Home » На Клиничката биохемија ќе се работи со скратено времето за побрзо добивање здравствена услуга

На Клиничката биохемија ќе се работи со скратено времето за побрзо добивање здравствена услуга

by Журнал.мк

Со новото раководство на Клиничка биохемија се воведе ново поглавје во работата на оваа јавна здравствена установа. Со новите иницијативи, новата организација и тимска работа, како и новата обезбедена апаратура од 4 реномирани производители резултатот е видлив од самиот почеток при влезот на овој Универзитетски институт до добивањето на здравствената услуга.

-Еден од поголемите предизвици со кои се соочуваа пациентите на Клиничка биохемија беше сликата со гужви пред лабораторијата каде пациентите чекаа и по два часа.

Сега оваа слика е комплетно сменета. Со обновување на постојната апаратура, со оптимизација и целосна автоматизација, а предвидена е и надградба на истата во наредната година, како и тимската работа овозможуваме забрзување на приемот на пациентите, вели д-р Николина Гроздановска, директорка на УИ за клиничка биохемија.

Додава дека процесот за прием на пациенти, кој претходно беше просечно околу 2 часа, со новата опрема овој временски период е максимум 15 минути.

-Изразувам посебна благодарност до сите здравствени работници и вработените на Клиничка биохемија кои се дел од овие процеси, во интерес на пациентите, рече таа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk