30
Нешто по полноќ пожар избувнал во кругот на Инфективната клиника во Белград.
Како што јави РТС, едно лице загинало во пожарот што избувнал во зградата, додека друго поради чадот е пренесено во ВМА.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни единици.
Засега не е позната причината за пожарот, повеќе информации се очекува во текот на денот.